Во развојот на граматичкиот систем на нашиот јазик исто така се одиграле
промени кои во основа ја промениле неговата структура. Со губењето на
деклинацијата (падежните форми) и појавата на членот (под влијание на
балканските несловенски јазици), нашиот јазик од синтетички тип поминал
во јазик од аналитички тип.
Во стариот јазик односите меѓу деловите на реченицата се искажувале со падежи
(постоеле седум на број). Во современиот јазик остатоци од падежите наоѓаме кај
формите на личните заменки (јас, мене ме, мене ми и
сл. кои ги користиме за означување на директен и индиректен предмет),
и во формите за повикување кај именките (Марија, Маријо!).
Во системот на именките
постоеле повеќе основи (со тврда и мека промена). Кај придавките
постоела проста и сложена промена (добра и добрая). Системот на заменки исто така бил
разгранет со мноштво форми.
Од постпозитивната употреба на показната заменка тъ,
та, то, подоцна ќе настане членот: рабътъ, жената, детето. Особено
бил раширен системот на глаголските форми. Постоеле инфинитив (гледати) и супин (идѫ ловитъ рыби).
Постоеле пет вида партиципи кои се менувале по падежи, од кои денес
останале глаголската придавка на
-н, -на, -но, -ни; и -т,
-та, -то, -ти; глаголскиот прилог на –јќи,
и глаголската л-форма, која се користи за образување на повеќе глаголски
форми.
Од трите видови аорист
(прв и втор сигматски и асигматски), во современиот
јазик останал само еден во кој има форми од трите. Се чува и имперфектот.
Се појавиле и нови глаголски конструкции образувани со помошните глаголи
сум и има (сум
дојден, бев дојден; имам носено, сме
имале носено).
Поука за овој
час: Од гревот бегај како од змија
ако му се приближиш, тој ќе те касне.
21. 2
No comments:
Post a Comment