Saturday, August 29, 2009

Прашање на кое не се чека одговор

Како и повеќе пати досега, до разните служби на Министерството за образование се испраќани разни материјали,(пре)пораки и сл. И овој пат испраќам прашање на кое не очекувам одговор. (Упатено преку имејл на Министерството, до Службата за унапредување на основното и средното образование на 20.8.2009)

Дали се размислува за намалување (и изедначување) на неделниот фонд на часови во одделни струки и занимања во средното стручно образование. Во текстилната струка во трета година неделниот фонд со класниот час изнесува 36 (еден ден учениците треба да имаат 8 часа), не сметајќи го часовите од слободните активности и факултативната настава, како и двата часа по македонски јазик за припадниците на заедниците во РМ. Во други струки и занимања пак неделниот фонд изнесува 29 часа, па се јавува проблем со организираниот превоз на учениците?

Нашите сказни

По повод Патрониот празник на СОУ „Никола Карев“-Струмица, беше издадена и промовирана најновата збирка песни на членовите на Литературната секција под наслов Нашите сказни. Стихозбирката може да се прочита и преземе од овде

Лектири за втора година

  • по избор
  • Декамерон
  • Скендербег
  • Франце Прешерн Сонетен венец
  • Македонски народни приказни