Thursday, June 4, 2009

За некои содржини од програмите по Македонски јазик и литература

Анализа на наставните содржини по предметот
Македонски јазик и литература
за средно стручно образование
со предлози за нејзино рационализирање

Ја подржуваме иницијативата за еднакви стандарди и унификација на програмите по општообразовните предмети во средното стручно образование ( во тие рамки и програмите по предметотМакедонски јазик и литература).
II. Предметот да се вика Македонски јазик и литература. Експериментирање со додавање на наставки како комуникции воопшто не се потребни.
Прва година:
Во основа содржините од Јазик можат да останат, со извесно редуцирање на бројот на часовите од Науката за јазик (со исфрлање на функции на јазикот и сл.).
Во областа Литература при формулацијата на разните митови и легенди, треба да се внимава дека не станува збор само за грчки митови, туку за медитерански (и пошироко), кои на посреден начин се пренесени преку грчкиот јазик.
Лектирата Галебот Џонатан Ливингстон иако поучна, може слободно да се замени со друга, исто така кратка и поучна.
Втора година:
Во делот Хуманизам и ренесанса треба да се размисли дали Данте со Пеколот ( Божествената Комедија) е најсоодветно застапен. Пеколот како приказна учениците можат некако и да го „сварат“, но не и да го прочитаат.
Се чини дека областа Јазик е малку пренатрупана со содржини. Решение: или некој час повеќе да се земе од делот Романтизмот во Европа; или (ако не е закон симетричноста меѓу Јазик и Литература, да мора да се спази) да се префрлат тие содржини во трета година (што може да доведе до други поместувања).
Лектирата Сонетен венец може да се замени дело и автор од етничките заедници во Македонија (в. Забелешки под II.)
Од Практично-професионалната комуникација поимот телеграма треба да се преформулира или замени. Никој веќе не користи телеграф, телепринтер и т.н. ниту пак се користи класичната форма на телеграмата.
Трета година:
Ф. Достоевски ако треба да биде застапен, да не биде тоа делото Злосторство и казна. Образложение: Возраста на учениците и порано стекнатите навики за читање пообемни дела. Да не се заборави фактот дека станува збор за стручно, а не за гимназиско образование.
Во делот Лектира да се изостави Албер Ками со Недоразбирање (го има во четврта година со Странецот), а да се додаде Вапцаров, С. Спасе или Димитар Талев.
Целосно да се преработи делот Практично-професионалната комуникација кој се однесува на масовни медиуми и презентации.
Зачудува изоставувањето на компјутерот од масовните медиуми иако тој лежи во основата на сите други медиуми. Некои весници престанаа да се печатат заради компјутерите, а некои весници излегуваат само online (во електронска форма). Па денеска не можат да се прават презентации без компјутер. А во конкретните цели и дидактичките насоки никаде не се спомнува компјутерот.
Четврта година:
Во областа Литература да се застапи Радован Павловски наместо Влада Урошевиќ, а В. Урошевиќ како премногу модернистички да остане во делот Лектири.
II. Во областите Литература за сите години, во најмногу три до пет часа се внесе ново подрачје Литературата на јазиците на етничките заедници во Македонија, во кое подрачје информативно учениците ќе добијат основни познавања за литературата на Албанците, Турците, Власите и т.н.
Кога веќе се определуваме за мултикултурна заедница треба да имаме некакви, макар и бегли познавање на културата и литература на оние со кои заедно градиме сожителство.

No comments:

Лектири за втора година

  • по избор
  • Декамерон
  • Скендербег
  • Франце Прешерн Сонетен венец
  • Македонски народни приказни